Мицкоски: Наместо принципот на коалиција за власт победник со победник јас би го преферирал принципот програма со програма

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата 360 степени на Алсат Телевизија вели дека наместо принципот на коалиција за власт, победник со победник тој би преферирал принципот програма со програма.

Мислам дека треба да се фокусираме повеќе на принципот програма со програма, тоа е иднината на политичката сцена, не можеме ние победник професија да ни биде. Или имаме заедничка програма и таа програма ќе ја реализираме или ние немаме практично никаков бенефит за нашите гласачи ако победникот со победникот не можат да се договорат со програмските начела , тогаш нема да може да се реализираат ветувањата, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски посочи независно како се вика партијата дали тоа е Алијанса за Албанците, ДУИ, БЕСА, ДПА, во преговорите ако ја формира програмата ќе коалицира со нив, доколку не ќе се бара друг партнер да се дојде до 61, но убеден е дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ на следните предвремени парламентарни избори ќе има победа од најмалку 61 пратеник

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...