Мицкоски: На СДСМ им одговара да нема договор за ОЈО, за случаите на СЈО да ги спроведуваат со рекет, а Заев да се спаси од одговорност иако е згазен од времето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во 360 степени на Алсат Телевизија изјави дека на СДСМ не им одговара да има договор за јавното обвинителство за да можат случаите на СЈО да ги спроведуваат со Рекет и за да Зоран Заев се спаси од одговорност иако е згазен од времето.

– Има субјективна и стратешка причина зошто нема договор за законот за јавно обвинителство. Стратешката е дека на СДСМ им одговара да нема договор, затоа што само на тој начин кога ќе се зборува за СЈО, за предметите во СЈО и така натаму, па ќе ја впрегнат онаа нивна скапо платена пи ар машина преку своите мегафони ќе кажуваат како ние штитиме криминал, за да може да му конкурираат на скандалот Рекет 1. Сега не знам како ќе му конкурираат на скандалот Рекет 2, па на 3 4 и така натаму. Вели Мицкоски.

Тој потенцираше дека СДСМ сметаат дека колку подолго ги лиферуваат оваа тема за јавно обвинителство и тезата за СЈО мислат дека во перцепцијата кај неопределените колку толку ќе парираат за случајот Рекет 1.

Субјективната е што на Зоран Заев не му одговара расчистување на криминалот во овие три години, но и оној криминал од минатото кој што е заташкан. Затоа што и да ве потсетам не смееме да заборавиме и јавноста да не заборави дека овие политичари се од времето на Центро, Славија и така натаму, и тој и неговата заменичка во СДСМ. Така што ние имаме една антропологија која што е испреплетена со скандали и афери, изјави Мицкоски.

Тој додава дека објективната причина е за да парираат на политичките случувања кај неопределените гласачи така што мислејќи дека сопствениот криминал ќе го покријат за евентуален сомнеж за криминал од минатото.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...