Милошоски: Заев ни најави дека Јанева за 10 дена ќе оди во домашен притвор

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, изјави дека премиерот Зоран Заев на вчерашната лидерска средба најавил дека Катица Јанева за десетина дена од Шутка ќе се префрли во куќен притвор.

Како може премиерот да ги знае одлуките на Судот пред да бидат донесени, праша Милошоски.

Тој посочи дека власта првично се согласила опозицијата да го предложи шефот на новото обвинителство за организиран криминал, но, како што рече, преговорите пропаднале кога било побарано ова обвинителство да го преземе случајот „Рекет“.

Јасна е спрегата меѓу владата, обвинителството, судовите и Катица Јанева. Власта ќе направи се случајот „Рекет“ да не дојде во рацете на независен обвинител, обвини пратеникот.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...