ВМРО-ДПМНЕ ја зголемува предноста пред СДСМ и тоа ќе значи победа на следните парламентарни избори
Во обраќањето до политичкото собрание на ЕПП ги констатирав катастрофалните состојби во Македонија. Главните поенти:
– Се влошува економската состојба;
– Владината корупција е секојдневие;
– Се гушат медиумските слободи;
– Политичкиот прогон е факт;
– Егзодусот се зголемува;
– Земјата назадува.
Колегите од ЕПП ги информирав за растот на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста и на анкетите. ВМРО-ДПМНЕ ја зголемува предноста пред СДСМ и тоа ќе значи победа на следните парламентарни избори.
Нагласив дека следната македонска влада ќе ја состават ВМРО-ДПМНЕ и Hristijan Mickoski интензивно ќе работи на европската агенда и ќе соработува со Европската комисија предводена од Урсула фон дер Лејен од редовите на ЕПП.