Лашкоска до СДСМ: Не верувам во вашите политики, бидејќи се досега што сте започнале се покажало дека е лага

Пратеникот Ане Лашкоска од редовите на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“ на денешната седница на Собрание на Република Македонија појасни дека пратениците од СДСМ изнесуваат лаги во врска со фирмата „Еурокомпозит“ од Прилеп.

Во февруари на премиерот му поставив прашање, и тој ми рече дека до крајот на месецот ќе има нов инвеститор во „Еурокомпозит“. Помина февруари, во март повторно го поставив истото прашање. „Не пратеничке, до крајот на април ќе има“ – одговори премиерот. Април помина нема странски инвеститор,истакна Лашкоска.

Лашкоска додаде дека проблемот со „Еурокомпозит“ е далеку од решавање.

Вицепремиерот Анѓушев ветуваше дека до 30-ти септември ќе биде готов пакетот технолошки вишок за „Еурокомпозит“. Оваа изјава е дадена 24-ти септември 2018 година, нагласи Лашкоска.

Лашкоска потенцира дека тој ветен пакет од страна на Анѓушев се уште го нема, а луѓето ги немаат земено платите кои потпишаа дека си заминуваат со технолошки вишок. Има голем број неодговорени и тешки прашања.

Не верувам во вашите политики, бидејќи се досега што сте започнале се покажало дека е лага, рече Лашкоска.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...