Кој тоа ѝ го дал на Јанева писмото напишано на компјутер, на кое таа со рака нешто допишала?!?

Писмото на Катица Јанева за предавање на предметите од СЈО на ЈО било пишувано на компјутер и на рака. Кој тоа ѝ го дал на Јанева писмото напишано на компјутер, на кое таа со рака нешто допишала?!?

Заев ѝ се јавил на Катица Јанева да ги ослободи осумтемина екс-пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени. Катица го искористила тоа и преку Боки влегува во сета корупциска приказна?!?

Некако познато звучи, но не го кажуваше ова ВМРО-ДПМНЕ? 🤔

Ајде да повториме што друго сме кажале: “Водачот на криминално-рекетарска банда – Зоран Заев на крајот од овој краткометражен траги-комичен игран филм со наслов “Зоки и бандата пробаа да си играат Влада” ќе излезе дека бил позадината на се!?!”

А, што друго да очекуваме од аболициран криминалец (и тоа не еднаш), освен криминал и уништување на државата, и баш затоа, прво ќе бидете поразени на предвремени парламентарни избори, а потоа ќе одговарате за сите криминали и злодела што ги направивте!

П.С. – како беше тоа од “душегрижниците” дека сме биле договорени и лидерската е само про-форма?!?
Епа се виде дека не е, и ВМРО-ДПМНЕ нема да биде алиби на Заев за тој да продолжи со контрола врз обвинителството.
А, таа контрола му треба освен за притисок и прогон кон опозицијата, пред се му треба за амнестијата на сите негови криминали и криминалите на неговите луѓе. Но,
вистината и правдата сега или потоа ќе дојде.

#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...