Аферата рекет зема нови димензии кои имплицираат вмешаност на разузнавачките служби и нивна злоупотреба

Соопштение до јавноста

Нов ден, нов cкандал. Аферата рекет зема нови димензии кои имплицираат вмешаност на разузнавачките служби во рекетот и нивна злоупотреба за прибавување на милионски суми финансиска корист. Медиумите во Македонија изминатите денови пренесуваат дека македонски бизнисмен бил уценуван со компромитичарчки снимки кои потекнуваат од разузнавачките служби на Република Македонија.

Од бизнисменот преку Меѓународниот сојуз на Боки 13 биле изнудени стотици илјади евра, а компромитирачките материјали се наоѓале во телефонот на рекетарот.

Ова е уште еден доказ  кој потврдува дека аферата „Рекет“ е најголемата криминална афера во историјата на Република Македонија.

Никој во Македонија не верува дека Зоран Заев не знаел за рекетот, дека истиот не се одвивал со негово аминување и дека тој не инволвиран во рекетирање на македонски бизнисмени, политичари, граѓани. Човекот кој е три пати амнестиран е главана на криминалниот октопод кој изнуди повеќе од 20 милиони евра. Катица Јанева, Боки 13, Кики Фрики и останатите се само пипците.

Русковска и Јовевски сакаат со апсње на неколкмина, да ја оневозможат  истрагата која никако не смее да стигне до главата на октоподот. Ова не смее да се случи. правда во Македонија ќе има и секој се огрешил пред законот ќе одоговара.

Ќе одговараат и оние кои наместо да го гонат го амнестираат криминалот.

Правната држава не може да се врати се додека аболицираниот криминалец Заев и неговата криминална банда се на власт. Правда не може да има  се додека правосудството отворено како пупка се наоѓа во рацете на Зоран Заев. Правда ќе има набрзо кога овие луѓе ќе си заминат од политичката сцена во Македонија.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...