Истрагата за случајот Рекет е компромитирана и очигледни се намерите на СДСМ и Русковска да го забошотат целиот случај

Соопштение до јавноста

Истрагата за случајот РЕКЕТ е компромитирана. Таа не ги исполнува очекувањата на правото и правдата.

Од ден во ден Вилма Русковска се повеќе ја развлекува истрагата за милионскиот РЕКЕТ, се со една цел, да се заштитат вистинските нарачатели. Вилма Русковска и обвинителството доцнат повеќе од четири месеци со распитот на сите инволвирани.

Цели четири месеци и требаа на Русковска да го повика на распит Кирацовски, иако за инволвираноста на ликот Кики се пишуваше во продолженија. Четири месеци им требаа за да смислат лага дека Кирацовски само еднаш се сликал со Боки, како главно оградување од неговото учество во рекетирањето. Кирацовски вчера призна дека бил посредник на средбите на Боки 13 со градоначалници и бизнисмени кои биле предмет на рекетирање.

Во целиот случај посредникот помеѓу Боки 13 и оштетениот бизнисмен од излезените снимки веќе е во притвор како второ осомничен.

Зошто се уште Кирацовски не е во притвор?

Очигледни се намерите на СДСМ и Русковска обвинителството да го развлечат и забошотат целиот случај.

Правда во Република Македонија мора да има за да одговараат сите инволвирани во овој криминално-мафијашко-рекетарски скандал.

Потребни се предвремени парламентарни избори, а веднаш по падот на СДСМ од власт, ќе се случи Обнова на Македонија.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...