Додека едно училиште во Центар се гради и добива привилегии, другите скапуваат и се надеваат на донации

Интегрален текст од изјава за медиуми на Антоанета Трајковска

Почитувани,

Неделава започна со работа основното училиште во Капиштец кое како капитален проект се интегрираше во развојната програма за Општина Центар уште во времето кога ВМРО-ДПМНЕ раководеше со општината.

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува оваа идеја и секогаш ќе се залага за интересите на граѓаните, но  градоначалникот Богдановиќ и одговорните во општината требаат да одговорат на неколку прашања за кои јавноста треба да биде запознаена.

– Од каде е обезбеден кадарот за новото училиште?

– Дали најдобриот наставен кадар од сите основни училишта во општината е пренесен не по сопствена волја во новото училиште?

– Дали отворањето на новото училиште е на сметка на укинувањето на целодневната  настава за децата од петто одделение во три училишта во општината?

– Би сакале да прашаме во кои простории ќе учат петтоодделенците од ОУ „Коле Неделковски”?

Почитувани,

За нефункционалноста и неодговорноста на надлежните во општината, говори и фактот дека додека едно  училиште се гради – другите скапуваат или се надеваат на донации за нешто да се поправи или да се реконструира.

Апсурдот да биде поголем е што Општина Центар е една од најбогатата општини во државата.

Сликата во основните школи е следна: нефункционални спортски сали, нефункционални тоалети, глодари по ходниците, нехигиена и немање на основни услови за функционирање на наставата. Во некои училишта во кои на почетокот на учебната година започнати се и градежни активности па децата се гушат во прашина.

Кога Богдановиќ и секторот за образование ќе почнат да мислат на квалитетот на образованието на децата?

Како се чувствуваат што децата со посебни потреби останаа без своите асистенти, дали мирно спијат знаејќи во какви услови учат децата?

До кога ќе работите на штета на најбитната категорија во општеството, а тоа се нашите деца?

Наместо да ги водите напред, колку ли назад ги водите?

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...