Зоран Заев од позиција на премиер решава да се заканува со тужби

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Причината поради која што ја свикавме оваа прес конференција е сакаме да ја информираме јавноста дека продолжува притисокот на власта врз опозицијата.

Имено во текот на вчерашниот ден добив писмо адресирано од премиерот Зоран Заев во кое што писмо се заканува со тужба за клевета. Имено цитирам моја изјава дадена по повод верскиот празник Богородица во која што на новинарско прашање одговарам околу прашања поврзани со аферата „Рекет“. Наместо како што личи во секоја нормална и демократска држава доколку не се согласува политичкиот опонент со она што ние го кажуваме истото да го демантира или во јавноста да приложи спротивни факти и аргументи.

Зоран Заев од позиција на премиер, најмоќен човек во државата решава да се заканува со тужби. Писмото кое што е испратено до мене ви е поделено. Сметаме дека ова е класичен обид за притисок и за замолчување на опозицијата.

Ние сме политичари и наша работа е да даваме изјави, да прашуваме и да поставуваме провокации. Во која демократска држава, земја членка на ЕУ, која што Зоран Заев од устата не ја вади се видело премиер да тужи потпретседател на најголема опозициска партија за политичка изјава. Или можеби има таква работа во САД? Веднаш ќе ви одговорам, нема.

Нека каже еден пример Зоран Заев каде што премиер на било која демократска држава тужи потпретседател на опозициона партија за политичка изјава.

Многу поостри зборови сме слушнале и слушаме на пример деновиве во Британскиот Парламент и во британските медиуми кои што се однесуваат на премиерот Борис Џонсон, па сигурно ни на крај памет не му паѓа да ги тужи опозиционите политичари за она што го кажуваат за него.

Толку ли го заболе Зоран Заев мојата изјава за „Рекет“, што реши сам себе да се демантира. Па така на четврти април оваа година Зоран го советуваше брат му Вице да ја повлече тужбата за клевета кон мене. А, еве сега денес решава самиот тој да ме тужи за клевета.

За „Рекет“ има активна истрага и моја работа како политичар и како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ е јавно да поставувам прашања, дилеми и да споделувам информации. И на тој начин да ја отвориме оваа дебата во јавноста и секако на еден демократски начин да извршиме притисок врз институциите, истите побрзо да ја завршат истрагата.

Кој верува во оваа држава дека Боки 13 сам рекетирал и дека бизнисмените сами му ги давале парите? Па денар нема да му дадат, а не тешки милиони доколку позади него не стојат највисоките структури на власта.

Она што е интересно во писмото кое што ви го доставив Зоран Заев воопшто не демантира дека се изрекетирани преку 20 милиони евра. Ниту демантира дека повеќе бизнисмени се изрекетирани со што само ги потврдува нашите сознанија. Дека рекетот бил далеку подлабоко од она што се знае во јавноста. Единственото што го спори е дека тој ја координирал оваа акција.

За таа работа ќе се видиме и со Зоран на суд и исто како во тужбата со брат му Вице јас планирам сам да се бранам, да не ангажирам адвокати, слободно може тој да си ангажира најскапите адвокати во државава. Па ќе видиме на чија страна ќе е вистината.

Исто така би сакал да информирам дека за овој притисок кој што власта го врши врз опозицијата и чија што цел е многу јасна, а тоа е од една страна да се дефокусира главната тема, а тоа е кој е на врвот на пирамидата за аферата „Рекет“.

Второ да се заплаши опозицијата.

Трето да се заплаши слободно мислечката јавност и медиумите затоа што логиката на советниците околу Заев која секако е погрешна е дека ако тој може да го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, што останува за другите.

И секако последната цел е оние кои што се околу него, кои што му велат – „Шефе, уживај, тужи го. Ќе го добиеме на суд и на тој начин ќе докажеме дека си невин“. Наместо мене да ме тужи на суд, мислам дека е добро да се пријави во обвинителството и да даде исказ што тој знае и како е инволвиран во аферата „Рекет“. Имајќи во предвид дека неговото име го слушавме на јавно објавените материјали, а исто така за неговото име се шпекулира во јавноста.

И последно би сакал да ве информирам дека за овој притисок на власта врз опозицијата во текот на утрешниот ден на писмено ќе бидат информирани сите дипломати во државава. А, во понеделник и вторник ќе остварам средба на Брисел на Европскиот Парламент и на Европската Комисија каде што исто така ќе информирам за оваа форма на притисок. Би рекол и во исто време паника затоа што ова се панични чекори на власта.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...