Целокупната македонска јавност слушна, виде и прочита за криминалните постапки на Јанева

Од ЈО изјавуваат дека сакале работите малку да им легнат, да преноќат, но според нивните првични опсервации, немало правни пречки за преземање на случаите на СЈО бидејќи биле исполнети условите од член 6 став 5 од Законот за СЈО.

Ајде тогаш да видиме што вика член 6 став 5 од Законот за СЈО!
“Јавниот обвинител на Република Македонија или друг јавен обвинител не може да презема истраги и гонење по предмети кои спаѓаат во надлежност на јав- ниот обвинител (на СЈО) без негова/нејзина писмена согласност.”

Тоа што Катица Јанева е во притвор и правата, односно надлежностите кои што ги има како Јавен обвинител и се суспендирани (или евентуално во мирување), тоа нема никаква врска? 🤔

Тоа што е започната постапката за разрешување на Катица Јанева и што денес ќе се одржи седница на Комисијата за избори и именувања на која ќе се разгледува Извештајот со кој се препорачува разрешување од страна на Советот на јавни обвинители, и тоа не е важно? 🤔

Сигурен сум дека и моралната димензија не е важна, со оглед на тоа дека целокупната Македонска јавност слушна/виде/прочита за криминалните постапки на Јанева?!?

Но, што може да се очекува од најблиските соработници и слуги на аболицираниот криминалец?

Само така продолжете, правдата доаѓа и има место за сите!

#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...