МВР под раководство на Спасовски наместо да се бори со криминалот, се претвора во негов заштитник

Интегрален текст од изјава за медиуми на Орце Ѓорѓиевски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

СДСМ е во коалиција со криминалот.

МВР под раководство на Оливер Спасовски наместо да се бори со криминалот, се претвора во негов заштитник.

Наместо правдата да биде слепа, полицијата е слепа и замижува пред насилниците и пиштолџиите по налог на Спасовски.

Три дена поминаа откако среде Битола во присуство на началникот на СВР Битола беше пукано од пиштол, а реакција од МВР нема, за постапка воопшто не станува  збор. Дали ликот кој сите го видовме има крими досие? Дали се точни гласините дека полицијата има оперативни информации за негова инволвираност во бизнисот со наркотици? Дали истиот е близок со функционерите на Спасовски во битолската полиција и преку нив си ја купува поддршката?

Како пред 200 години на Дивиот запад криминалци празнат цел пиштол пред толпа луѓе и никој за тоа не одговара.

Медиумите објавуваат дека ликот има и кривична пријава за проневера на 400.000 евра од Комерцијална Банка – Битола и дека е главен дилер на дрога во регионот, за што е приведен пред два месеци, но повторно е на слобода.

Како е можно вакво лице да поседува огнено оружје? Дали оружјето е со дозвола? Доколку да, зошто не му е одземено, доколку не, зошто до сега не е поведена кривична постапка за нелегално поседување на огнено оружје, за што е предвидена санкција – казна затвор во времетраење од 3 – 10 години согласно членот 396 став 1 од Кривичниот Законик!?

Постапка за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, согласно членот 396 став 1 од Кривичниот Законик се поведува по службена должност од страна на ЈО. Прашањето е зошто иако во присуство на началникот на СВР Битола не е преземено ништо во однос на поведување на кривична постапка и запознавање на ЈО!?

Почитувани,

Поранешниот претседател на бордот на директори на ЈПССДП од СДСМ, Џевад Исени, носеше пиштол на појасот и се фалеше со тоа. Не доби пријава, а Спасовски и СДСМ испратија порака дека законот не важи за нивните шерифи.

Пукањето во присуство на полициски началник е уште една потврда дека криминалците се ставени под закрила на власта. Полицијата на Спасовски не ги гони, напротив таа ги штити.

Извршено е кривично дело, загрозена е безбедноста на присутните и нарушен е јавниот ред и мир и на сето ова не реагира началникот на СВР Битола, човекот кој треба да гони секаков вид на криминал, и тоа не само во Битола, туку во целиот регион. Доколку ова се случува во негово присуство пред толпа луѓе, тогаш што е дозволено да прават криминалните структури кога нема поголем број на присутни? Дали ваквите структури се чувствуваат комотно пред началникот за да го кршат законот? Дали присуството на началникот е охрабрување за криминалците и  нивен дополнителен мотив?

Хаосот и криминалот кој се случува со помош на власта е доказ дека СДСМ мора да си замине. Потребни се итни предвремени парламентарни избори.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...