Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје ја повикува Дирекцијата за заштита на лични податоци да реагира на кршење на закон од страна на Шилегов

Соопштение до јавноста

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“ во Град Скопје истакнува дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во желбата за евтин сензационализам во случајот со казнетите таксисти изврши незаконско дело неовластено откривање на лични податоци.

Сакајќи да се пофали со изречените глоби адвокатот Шилегов незаконски им ги објави матичните броеви на таксистите врз кој е изречено казна.

Казната предвидена со законот за заштита на личните податоци, кршејќи го член 23  е до 3.000 евра, и било хумано дело престапникот Шилегов да ги плати овие пари за казните изречени на таксистите.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“ во градот Скопје ја повикува Дирекцијата за заштита на лични податоци да реагира на ваквото кршење на законот.

Наместо Шилегов да се фали со казнување на таксисти, нека ги засука ракавите и нека почне да ги санкционира големите загадувачи на градот Скопје кои и понатаму го загадуваат градот и нека почне по две години спиење да ги решава проблемите на Скопјани.

 

 

Со почит,
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...