Расправата на комисијата за прашања на изборите и именувањата во согласност со закон дали ќе биде отворена или затворена е единствено право на одлука на самата комисија

Како претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на 2 септември, односно вчера од страна на г.Талат Џафери го добив Извештајот за утврдената фактичка состојба под реден број 03-133/6 од Советот на јавни обвинители на Република Македонија, кој што се однесува на потегнување и кативирање на член 18 од Законот за спцијално јавно обвинителство, односно активирање на постапка за разрешување на специјалниот јавен обвинител, Катица Јанева.

Според писмената коренсподенција на Советот на јавни обвинители и Собранието на Република Македонија, извештајот е доставен на 30 август до Собранието, а дополнитело на 31 август е добиен допис во Собранието, со кој што Собранието се известува дека овој материјал е класифицран како доверлив и се упатува од нивна страна како препорака да се разгледува во согласност со челн 18, став 1 по следниот дел од тој став на законот кој што вели дека овој материјал може да се гледа и на затворена седница, односно да се разгледува како доверлив.

Дозволете ми прво да кажам сопствен став, по однос на ова прашање повеќе дилеми има околу целокупната седница, но дозволете ми околу ова прашање.  Јас ценам дека расправата на комисијата за прашања на изборите и именувањата во согласност со закон дали ќе биде отворена или затворена е единствено право на одлука на самата Комисија.

Членот 18, став 1 во својот заврешн дел вели „извештајот ќе биде достапен до јавност преку комисиите во Собранието на Република Македонија, освен доколку некоја од комисиите не од одложи и спречи објавувањето на дел и на целиот извештај, доколку најде да се зашитата правата на секое лице наведено во извештајот или да спречи недозволено влијание во било кое кривично гонење “.

Тоа значи дека одлуката дали материјалот ќе биде достапен на јавноста или не не треба да ја носи советот на јавни обвинители, туку треба да ја носи комисијата за прашања на изборите и именувањата. Од тука јас во текот на денот ќе упатам писно до новиот претседател на Советот на јавни обвинители, г.Ацо Колевски со кој што ќе укажам на оваа одредба во законот и ќе побарам, ќе замолам за декласификација на извештајот, со задржување на можноста предлогот за зашита на тајноста на материјалот да биде ставен на гласања на комисијата и одлуката да ја донесе комисијата. Во исто време ќе упатам покана и до г.Ацо Колевски да биде присутен доколку цени дека е потребно, нема обврска, но доколку цени дека е потребно да биде присутен на седница на комисијата. Тоа е околу делот на тајноста и доверливоста на материјалот.

Седницата ќе биде закажана во четврот во 12 часот во Уставната сала во Собранието на Република Македонија. Да ве известам дека од вкупен број на тринаесет членови на комисијата, десен поседуваат безбедносен сертификат, а од вкупен број на тринаесет заменици членови на комисијата, исто така десет членови поседуваат безбеднсен сертификат. Без можност да се влијае на бројката која што пратеничките групи примарно ја имаат во комисијата, значи може со ангажман на замениците членови на местото на оние тројца членовни кои што немаат безбедносен сертификат да биде соодосот на членови на самата седнца со право на глас адекватен. Што значи комисијата ќе има можност да работи во полн состав.

Исто така секој пратеник во Собранието кој што не е член или заменик член, а има желба да присуствува под претпоставка ако комисијата се одржува зад затврени врати ќе може да присуствува исклучиво доколу поседува валиден сертификат за класифицирани информации.

Би ве известил и дека одлуката за да седницата на комисијата се одржува зад затворени или оторени врати се носи со двотретинско мнозинство од членовите на комисијата, односно девет членови на комисијата ќе треба да гласаат комисијата да се одржи зад затворени врати. Исто така да ве известам за уште една работа кој што е поврзана со член 18, а тоа е дека треба да се обезбеди согласност од четирите политички партии со најголем број на пратенициво Собранието на Република Македонија. Јас во текот на денот ќе упатам писмо до г.Талат Џафери со барање и замолица да ме информира кој се четри најголеми политички партии, според бројот на пратениците застапени во Собранието.

Пралелно после добивање на таа информација ќе искомуницираме и писмено со тие политички партии за да ја добиме согласноста за да заедно со заклучокот од комисијата, хипотетички донесен во четврток да не преудицирам каков ќе биде, да ги имаме обезедено и соглансостите од четрите политички партии.

 

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...