Пад на продуктивноста во економијата, пад на реалниот БДП, со Заев само тонеме

Интегрален текст од изјава за медиуми на Светислав Васев

Почитувани,

Државата и граѓаните осиромашуваат. Лошите економски политики, покачените даноци, криминалот и корупцијата во власта ја намалија продуктивноста во реалниот сектор, доприносот кој го има секој работник во реалниот БДП е во пад.

Според податоците на ДЗС бројот на вработениве во земјава во првиот квартал од 2019-тата година во однос на последниот квартал од 2018-тата година е во пораст, но наместо покачување во истиот период бележиме пад на реалниот БДП за 211 милиони евра. Ова е показател дека економијата тоне.

Доколку ако земеме во предвид еден друг податок на ДЗС, според кој бројот на работниците во индустријата во јули оваа година, во однос на јули лани е намален за 2.5%, односно на 100.000 работници во јули лани, сега имаме 2.500 работници помалку. Од тука се поставува логичното прашање каде тогаш се новите вработувања? Дали нови вработувања имаме всушност во јавната администрација? Дали со тоа само дополнително се става товар на буџетот?

Почитувани,

Индустријата е рбетот на економијата и ако таа тоне, тогаш економијата е во општ колапс.

Зоран Заев е виновен за лошите економски резултати. Првин ги покачи даноците, со што директно стимулираше одлив на инвестиции од државата во државите во соседството и даночна евазија. За потоа со криминалот и корупцијата да ги искасапи бизнисите и доведе до питачки стап.

Епилогот е видлив. Работници со мали плати, непродуктивни и незадоволни, и бизнисмени без развојни можности. Со вакво темпо нема раст, туку стагнација.

Потребни се предвремени парламентарни избори. Заев е директно виновен за лошите резултати во економијата. Заев мора да си замине.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...