Јанушев за Заев: Веќе го научивме човекот дека лаже-суши и нема мака, но поважно е државата да добие правда

Планот Б и евентуалните интервенции во законот за Советот на јавни обвинители повеќе не е во игра – да не остане дека не ви кажав дека планот Б беше приказна за “мали деца” од квази-правници.

Не ја потценувајте интелегенцијата на народот, ова не е ВМРО од времињата кога СДСМ добиваше на “зелени маси”, а народот не беше прашан, ова не е ВМРО од времето на Пржино, а СДСМ го нема ветерот во грб на кој тогаш едреа.
Тоа време помина!

Ќе биде Законот за ЈО – ќе ги прифатат сугестиите и барањата на ВМРО-ДПМНЕ, а бараме само модерен и современ Закон, онаков како што функционира во цивилизираниот свет.
Не измислуваме “топла вода”, обидите на бандата од СДСМ за дефокус за наводни амнестии не поминува никаде!
Закон со кој ќе се почитува владеење на правото и правната држава, со примена на светските и европските конвенции за заштита на човековите права – тоа го бара ВМРО-ДПМНЕ и нема да отстапи од истото!

Едноставно е, ќе мора да се откажат од унапредувањето на Катица Јанева кое го бараа, да се откажат од префрлање на кадарот на урнисаното и мртво СЈО во новиот оддел на ЈО и ќе мора да поддржат независен обвинителен систем.

Ако “соберат сила” тоа да го прифатат, ќе има нов Закон за ЈО. 😉

А, во меѓувреме, не исклучувам со еден таков нов закон да се пофали Заев дека сето ова било негова идеја.
Да, да, бесрамно на прес-конференција на која ќе каже дека за тоа се залагал од почетокот. Веќе го научивме човекот дека лаже-суши и нема мака, но поважно е државата да добие правда.
Сега или потоа – правдата ќе дојде.

#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...