СДСМ се заглавени и се подолу тонат со обидите да ги амнестираат криминалот и високата корупција

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Дамјан Манчевски

СДСМ се заглавени и се подолу тонат со обидите да ги амнестираат криминалот и високата корупција. Тоа е единственото на кое се посветени и за тоа ја жртвуваат иднината на државата.

Ниту правда ниту интеграции ќе има со селективноста на правдата која што ја водат преку “пупка судството” и прислушуваното ЈО на Зоран Заев.

Изворот на лажни вести во насока на криење на корупцијата е токму власта на главата на криминалниот октопод.

Тоа се вестите за Блескање, за Датум за преговори, за Раст на пензии, за Раст на економија, лажните вести За Живот.

Транспарентноста која е главна во флоскулите на оваа крими-власт бега од одговори за тоа каде се парите од Рекет и каде завршува торбата пари, одговори за Драги Рашковски и криминогениот тендер за Леонардо, спогодбата на Анѓушев вицепремиерот со Анѓушев бизнисменот?

Транспарентноста молчи пред прашања каде се 500 евра просечна плата, земјоделски мерки кон потребите на земјоделците, 600 км автопатишта и другите лаги кои ги сее власта.

Врвот на недемократското владеење се обидите за замолкнување на медиумите, тужени и повикуваат новинари  во полиции заради информации од јавен интерес.

Сета влада е лажна вест и тоне во криминал и затоа бега од избори. Едно е сигурно, следат избори и потоа обнова на Република Македонија во која секој што се огрешил и учествувал во криминал ќе одговара пред независни правосудни органи.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...