Вељаноски до Заев: Зошто не го исполнивте вашето ветување да имате Влада со најмногу до 20 членови?

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски на денешната собраниска седница укажа дека оваа Влада предводена од СДСМ досега има 4-5 реконструкции и најверојатно ова денеска ќе биде последна реконструкција.

-Во вашите  реконструкции, секогаше ве потсетував на вашето ветување. Вие во изборната програма „План за живот“  ветивте дека ќе има Влада со најмногу 20 министри и не го остваривте тоа ветување. Тоа зависи само од вас, не зависи од економските околности, светските и било какви случувања. Кога ќе ја земете програмата има многу ваши ветувања кои што вие не сте ги исполниле и не мислите да ги исполниле, истакна пратеникот Вељаноски.

Тој во своето обраќање укажа дека, покрај таквите неисполнети ветувања на оваа влада можеби треба да се размислува понатаму во кривичниот законик  да се стави во глава за избори кривични дела против изборите,  да се стави измама на избирачите, кривични дела. Имено, тој посочи дека оној што ветил, а не го остварил,  треба да одговара.

-Така е господине Заев, не треба да се лажат избирачите односно граѓаните. Тие гласале врз основа на нешто што вие имате ветено, еве зошто не го исполнивте вашето ветување  да имате влада со најмногу до 20 членови?, праша Вељаноски.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...