Притворот за Димовски, Митески и Јорданова, е акт на политички прогон, изживување и терор врз неистомисленици

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Зоран Заев и картелот на власт тонат во криминал и колку повеќе го губат тлото под нозете, толку повеќе расне притисокот и злоупотребата врз институциите за да ја замолкнат опозицијата.

Почитувани,

Апсењето и притворањето на Димитар Димовски и Дејан Митески е акт на страв на СДСМ и ништо повеќе. Притворот за Димовски и Митески, но и на службеничката во Министерството за транспорт и врски, Анета Јорданова, е акт на политички прогон изживување и терор врз неистомисленици на кланот на власта.

Доколку имаше криминал, немаше да се чека дури три години за да се покрене случај. Доколку имаше криминал немаше само за нив да има притвор меѓу 11 осомничени. Притворот е политички определен за да се задоволи барањето за политички прогон, за политички хир и за обвинителство кое секојдневно покажува дека е тука за да замижува и да ги заштитува криминалите на Зоран Заев, задоволувајќи ги притоа неговите нарачки.

Почитувани,

Судот мора да ги земе предвид фактите дека по два месеци притвор, Јавен обвинител не најде за потребно да ги посети и да им земе исказ на овие тројца. Судиите мора да ги земат предвид фактите дека нема основа за продолжување на притворот, ниту може да го повторат делото, ниту да влијаат врз сведоци или докази, ниту пак за бегство. За пример, Димовски сам го предаде пасошот до судот и ниту пак побегнал, сведоци во случајот не се познати, а повторување на делото е невозможно бидејќи во министерството каде што работат ги немаат повеќе ингиренции.

Почитувани,

По два месеци притвор во вакви услови јавно прашуваме дали Димовски, Митески и Јорданова кои што работат во министерството за транспорт и врски, се жртви на тортура заради бизнисот на вицепремиерот Кочо Анѓушев и неговиот брат? Доколку и по трет пат се определи мерка притвор, под истите околности, веруваме дека станува збор за политички прогон.

Судиите мора да изнајдат сила и да работат врз основа на правните аргументи и факти, а не врз основа на хирот и потребата на властодршците за прогон врз опозицијата. Заев, заевизмот, заевистите тонат и ќе одговараат за сите криминали, рекетарства и местени тендери, а со нив ќе одговараат и нивните соработници.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...