ОК на ВМРО-ДПМНЕ Центар апелира да се преиспитаат одлуките и да се овозможи непречено одвивање на наставата во училиштата во Општина Центар

Интегрален текст од изјава за медиуми на Васко Робовалиев

Почитувани сограѓани на Општина Центар,

Премина во навика децата и родителите во Општина Центар секој септември да се соочуваат со проблеми.

Додека во соседните општини се воведува целодневна настава до петто одделение со цел да им излезат во пресрет на родителите, Саша Богдановиќ и одговорните одлучија истата да биде укината во некои од училиштата во Општина Центар.

Иако овој начин бил воведен и се практикувал повеќе од 30 години од причина позната само на Богдановиќ и останатите ваквиот начин се укинува за петтите одделенија. Иако според наши информации до општина Центар биле доставени барања со потписи од сите родители за продолжување на истиот начин на работа како и досега.

Почитувани,

Целодневната настава е реална потреба на родителите.

Одговорните во Општина Центар треба да се свесни во какво општество живееме.

Неблагодарно е да си го толкувате законот така како што вам ви одговара.

Затоа OK на Центар ВМРО-ДПМНЕ апелира повторно да се преиспитаат одлуките и да се овозможи непречено одвивање на наставата во училиштата на територија на Општина Центар.

Понудениот дневен престој е опција но не мора да биде решение.

Нашите деца заслужуваат квалитетно образование и грижа но исто така заслужуваат да имаат основни услови за реализација на основното образование.

 

 

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...