Одговор на новинарски прашања на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарски прашања на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Вчера власта информираше дека се оптимисти во однос на тоа дека ќе биде постигнат договор до 10 септември кога се очекува законот за Јавно Обвинителство да стигне на гласање во Собранието,  какви се вашите информации од работните групи дали сте и вие оптимисти, или сепак ќе биде потребно одржување на лидерска средба.

Одговор: Видете зависи од тоа дали оптимизмот се темели врз основа на тоа дека одлучила власта да оди по словото на правото и во основа да ги земе  сите оние претскажувања кои што ги дадовме претходно врз основа на што да се темелат вредностите во еден закон за јавно обвинителство или темелат врз оптимизам врз потребата да може да амнестираат рекет и сите други криминогени дејствија која што ги има оваа власт.

Прашање: Значи вие не сте оптимисти за такво нешто?

Одговор: Ви реков доколку власта тргне по словото на правото може да биде постигнат договор до 10 септември, во случај власта да продолжи да турка оптимизам дека ќе донесе решение со што би се амнестирале учесници во рекетарски и други криминогени дејствија апсолутно не сум оптимист.

Прашање: Ќе учествува ли лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на таква лидерска средба за надминување на ставовите по однос на ова прашање?

Одговор: Прашање е дали воопшто ќе има основа за да се одржи една лидерска средба доколку нема допирни точки тогаш не би имало ни лидерска средба , тоа го посочивме уште претходно кога беше посочено дека треба да има лидерска средба за Јавното обвинителство. Мора да има допирни точки помеѓу двете страни и власта и опозицијата за да може лидерите да ги ај да речеме вака народно да ги доиспеглаат ставовите. Во таков случај доколку се тргне по словото на правото би можело да има и лидерска средба.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...