Ни Заев не им верува на наштелуваните анкети на СДСМ

Соопштение до јавноста – реакција на анкетата на СДСМ

Господине Заев, дајте си оставка, отворете простор за формирање на техничка влада и распишете предвремени избори. На тие избори ќе добиете најточна потврда што мислат граѓаните за вас и за СДСМ. Зошто вака да оставате да ви се смеат и да не веруваат колку ниско може да паднете со купување на лажирани резултати? Зошто вака сите да зборуваат дека тонете и се плашите од соочување со реалноста ? Лесно е да се трошат пари добиени од рекет на нарачани анкети, но подобро и за вас и за Македонија е да добиете вистинска слика за тоа што мислат граѓаните за катастрофата што им се случува овие три години.

Верувајте дека ќе се изненадите колку граѓаните го поддржуваат капиталниот проект „брусење на шахти“, замижувањето пред дивоградбите во Охрид и Матка, насилствата на Курто Дудуш, местењето на тендери на Рашковски, вашето нудење пари на вселенскиот патријарх.

Верувајте дека ќе се изненадите колку граѓаните ве почитуваат како балкански крал на марихуаната кој владата ја користи за да прима лажни принцови или светски кралови на марихуаната.

Очајни се обидите на  СДСМ со штапски анкети да покаже дека има некаква поддршка кај граѓаните. Анкетите кои СДСМ си ги прави се до толку наштелувани што и самиот Заев  не им верува и затоа бега од избори.

Доколку СДСМ е сигурна во бројките кои сами си ги штелувале до сега парламентарните избори ќе беа веќе распишани.

СДСМ знае дека нема доверба кај граѓаните и затоа ги одолголвелкува изборите. Рекетот, корупцијата, насилието врз граѓаните, институциите и законите, работи кои СДСМ ги донесе во општеството немаат поддршка кај граѓаните. Но доколку СДСМ мисли поинаку, нека распишат избори час поскоро, па во пракса да го видат вистинското мислење на граѓаните.

 

 Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...