Дали Димовски, Митески и Јорданова се жртви на тортура заради бизнисот на вицепремиерот Кочо Анѓушев?

Интегрален текст од изјава за медиуми на Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Судиите мора да се оттргнат од канџите на Зоран Заев и да застанат на патот на теророт кој што се врши врз функционери од ВМРО-ДПМНЕ и врз службеничка од Министерството за транспорт и врски. Наскоро ќе одлучува за трето определување на притвор, трета одлука за 30 дневна мерка, за Димитар Димовски, Дејан Митески и Анета Јорданова, а до сега, по два месеца притвор, се уште тројцата не се посетени од Јавен обвинител и немаат дадено исказ! Луѓето се уште официјално не знаат зошто се притворени.

Уште повеќе што со обвинението се опфатени 11 лица, за кои што има идентични решенија од судот, освен во делот за притвор, со што за другите е определена поблага мерка според законот за кривична постапка.

Оттука прашуваме, колку време треба да бидат држени како заложници гласноговорници на опозицијата, за да се задоволи хирот на Зоран Заев, на власта за политички прогон врз политички неистомисленици?

Дали Димовски, Митески и Јорданова кои што работат во министерството за транспорт и врски, се жртви на тортура заради бизнисот на вицепремиерот Кочо Анѓушев? Дали се изложени на тортура затоа што си ја работеле работата и побарале официјално мислење од државното правобранителство дали постојат пречки за непосредната спогодба за долготраен закуп на државно земјиште за фирмата „Тополки“ на Анѓушев? За ова информираа медиумите, дека неколку дена откако министерството побарало мислење за случајот „Тополки“, со документ потпишан од службеничката Јорданова, а изработен од Митески, тие завршуваат во притвор.

Почитувани,

Притворот не е казна, туку мерка осомничените да не ја осуетат постапката, која што во овој случај е целосно непотребна и неаргументирана. Судот кој што деновиве ќе носи одлука за ново продолжување или укинување на притворот за нив, мора да се одважи и да почне да одлучува врз основа на законот и доказите. Ниту постои можност за повторување на делото, ниту постои можност за влијание врз докази и сведоци, ниту постои можност за нивно бегство. Накусо, доколку се носи правна, а не политичка пресуда, судот мора да ги ослободи од притвор.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...