Ѓорчев: Одговорност и оставки за доцнењето од 5 часа на хеликоптерите и авионите во пожарот во Велес

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Владимир Ѓорчев, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Време е за оставки за министрите и директорите поврзани со пожарите во Велес. Имавме фрапантно, катастрофално доцнење на интервенцијата на авионите и хеликоптерите од 5 часа.

Штетите се огромни, жално е да се гледа сето она што се случи во Велес и велешко во изминатите 24 часа и за тоа мора да има одговорност.

Пожарот почна во 11 часот, а авионите и хеликоптерите дојдоа дури во четири часот попладне, во 16 часот. Тоа е катастрофално, ужасно доцнење од 5 часа.

Огромна благодарност и честитки до пожарникарите, до припадниците на Армијата на Република Македонија, до доброволците кои што го гасеа пожарот. Но оние кои што потфрлија тоа се владините институции, тоа се министрите и директорите.

Ако треба сето ова во триесетина секунди да го сумирам, а она што го видовме и едноставно она што од прва рака го видов и слушнав во Велес е следното, време е за оставки на директорите и министрите.

Имаше катастрофално доцнење од цели 5 часа и интервенцијата на авионите и хеликоптерите, пожарот почна во 11 претпладне, а хеликоптерите и авионите дојдоа дури во четири часот попадне. Огромна благодарност до пожарникарите, до војниците, до доброволците, до сите кои што се вклучија во гасењето. Но факт е дека за вакво фијаско, и за ваков дебакл, за горење на шума која што растела 50 години наназад мора да има одговорност.

Време е за оставки во Владата на Зоран Заев и неговите 28 министри.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...