Димитриев: Намерно се остават празнини во законот за јавни набавки за да биде злоупотребен

На денешната седница имаше обраќање пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Емил Димитриев. Тој кажа дека со неприфаќање на повеќе амандмани за новиот закон за јавни набавки предложени од ВМРО ДПМЕ се отвора сомнеж дека намерно се оставаат празнини во законот за набавки за тој да биде во иднина злоупотребуван.

– И со останатите неприфатени амандмани кај што предлагаме да Бирото за набавки има поголем надзор и контрола дополнително се подгрева сомнежот дека се остава простор за многу празнини во законот да биде злоупотребен и во иднина да имаме скандали во оваа област за набавка за работи врзани за одбраната истакна Димитриев.

Тој исто така додаде дека опозицијата има доволно причини да гласа против овој закон бидејќи оди на штета на контролата и на транспарентноста.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.