Мисајловски до Сугаревски: Ефектот од вашето работење не е еднаков ниту на нула, ја уназадивте Македонија

Три години со прст не мрднавте и тоа се гледа.
Три години од „куфер политика“ заборавивте и на ветувања и на проекти.
Недостасува уште да ги укинете капиталните инвестиции. Не мрднавте со реализација над 50% на годишно ниво, а ја задолживте државата со над 5 милијарди евра.

Во пауза од рекетот, Заев оди на отварање на автопатишта во соседни земји, наместо да работите на инфраструктурата во земјава.
Една бандера не успеавте да поместите со месеци. Само за трубачи и чочеци ве бива. Пензионерите ви се смеат за покачувањето од 36 денари, додека гледаат како милиони евра се делат во Луј Витон торби.

Барем да бевте чесни и да не ги кочевте проектите започнати од ВМРО ДПМНЕ. Сега ве фаќа паника, но доцна е. Граѓаните ве прочитаа. Следи период на обнова на Македонија.
Факт е дека немате НИТУ ЕДЕН ваш проект. Затоа и не може да наброите барем еден експресен пат кој што е започнат во овие три години. Затоа не може да кажете кој километар автопат сте го отпочнале. Затоа никој не гледа ниту метар од новите 500 километри автопат што ги ветувавте.
Што испроектиравте и што изведовте, а не беше започнато претходно ? Одговорот е НИШТО.

 

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...