Одговор на новинарско прашање на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарско прашање на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Вчера премиерот Зоран Заев најави работни средби за новиот Закон за јавно обвинителство за денеска или евентуално во недела. Дали има договорени средби помеѓу власта и опозицијата, имајќи предвид дека Законот е веќе ставен во вторник и од друга страна првиот човек на СЈО е во притвор, како би функционирало ова обвинителство?

Одговор: Во однос на средбите на работните групи, запознат сум дека се уште немаше договорен, до оној момент до кога се информирав, немаше договорен термин кога би имало средба, но се очекува средба наското во однос да се постигне некаков напредок или доколку е возможно и консензус за Законот за јавна обвинителската сфера. Сами рековте дека во вторник ќе започнат собраниските тела да работат по однос на тоа законско решение. Во однос на тоа каков законски текст ќе биде вклучен за да се донесе потребен е консензус, за да биде постигнат консензус прашање е колку власта сака и натаму да турка скриена амнестија за државната мафија и оние кои што се вклучени во „Рекет“, „Леонардо“ и останатите други корупциски скандали или сака вистински Закон за борба против корупцијата и криминалот.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...