Задоцнетото апсење на Јанева отвара сомнеж дека Заев е спремен да жртвува било кој само да си ја спаси сопствената кожа

Тоа што апсењето на Катица Јанева е речиси 2 месеца задоцнето отвара уште поголем сомнеж дека Зоран Заев е спремен да жртвува било кој само да си ја спаси сопствената кожа.

Дополнително, што УЈП дури сега најави дека ќе ги проверува спорните компании.

Аматерски обид за одбегнување на вистинската одговорност. Од сомнеж за рекет од 8 милиони евра, Катица се осомничи за противправна корист од околу 5 илјади евра, иако целиот рекет не би бил возможен без Јанева.
Ова се вика навреда на интелегенцијата на народот и продолжување на неправдата. Но, не за долго.

Се повеќе сум сигурен дека “клопчето тек ќе се одмотува”!

Пред некое време напишав дека на многумина од СДСМ им е тешко, голем дел признаваат дека вака не може, а помалиот дел ова го знаат, но гласно сеуште не го кажуваат. Кревајте раце пред да станете соучесници, бидејќи нема пора во Македонското општество што не е зафатена од криминално-рекетарскиот октопод на Зоран Заев!

#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...