Одговор на новинарски прашања на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарски прашања на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Се случи приведувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Дали вие како политичка партија имате предлог име за тоа? Клучниот момент е тоа кој би можел да ја наследи Јанева според вас. И дали останува уште ставот на лидерот Мицкоски пред  неколку месеци имаше предлог име а тоа беше Панчевски?

Одговор: Мислам дека околу тоа име  предлог одамна е даден одговорот и таа тема е завршена и нема потреба да се навраќаме. Имаме една нова ситуација каде што главата на специјалното јавно обвинителство е фатена во криминал со рекет. Во моментот за нас е многу важно  истрагата да се води праведно, да не се забошотуваат докази и случаи  и да се истражат буквално сите оние коишто се инкриминирани, дали се од специјалното јавно обвинителство, дали се од власта, дали се од СДСМ. Да се истражи точно кој се бил во шемата на рекетирање. Така да веднаш штом се истражи, бидејќи тоа е моментално приоритет, да се истражи целата вмешаност на специјалното јавно обвинителство и политичарите во рекетот, веднаш потоа ќе може да се размислува за наследник, меѓутоа законот е повеќе од јасен, кој би можел да биде наследник и во моментов да не заборавиме дека има работна група при која се разговара за нов закон за специјално јавно обвинителство. Доколку бидат прифатени нашите предлози  коишто се предложени не од аспект на имиња и персонализација односно персони кои би можеле да бидат на чело, туку предлози во однос на законот  како би изгледал за да може да се донесе закон кој би донел  неселективна правда  за сите граѓани во Република Македонија.

Прашање: Доколку пропаднат преговорите за СЈО и по 15 септември ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во изготвувањето на тој нов закон за јавно обвинителство?

Одговор: Да им дадеме шанса на преговорите, да видиме како ќе се развиваат и како ќе постапат преговарачките групи. Веднаш  штом имаме резултат односно исход од нивните преговори ќе имаме и подоцна став кој ќе бидат нашите следни  чекори.

Прашање: Ова би значело, затоа што спомнавте дека не сакате да имате линија на личности кои ќе ги предложите, меѓутоа најчесто се насочувате за клулните работи околу законот, ова би значело дека доколку би се усогласиле за овој закон законот и да ја има Вилма Русковска дали ќе се согласите?

Одговор: Ние веќе кажавме во однос на Вилма Русковска и мислам дека тоа би требало и вие како медиуми бидејќи вие го пренесовте нашиот став тоа да го знаете. Вилма Русковска е само продолжена рака на Зоран Заев и негова лична желба, таму треба да биде човек кој што ќе се бори против криминалот во Република Македонија, а не човек кој што ќе ја води истрагата на овој начин на кој што се води и да остава простор за цели четири месеци да се прикриваат траги од  докази, да се форматираат компјутери, да се форматираат телефони и сите оние постапки кои ги видовме се со цел да се забошотат одредени докази кои што би можеле да стигнат до главата на октоподот.

Прашање: Дали би прифатиле некој од актуелните обвинители на СЈО да биде на чело на обвинителството?

Одговор: За нас како ВМРО-ДПМНЕ најважно е во моментов да се заврши истрагата за сите оние кои што биле инволвирани во случајот „Рекет“, како што знаеме Специјалното јавно обвинителство не е само Катица Јанева, таму има уште многу обвинители, уште многу истражители кои што соработувале секој ден со нејзе и за кои што има реална можност да биле дел од рекетот. Така да ние не би сакале да разговараме во моментов и да одговараме за некој што можеби би бил следен рекетар назначен, од тие луѓе кои што соработувале секој ден со Катица Јанева.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...