Заев и Николовски Агенцијата за храна и ветеринарство ја претвораат во партиско дувло

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Цветан Трипуновски – Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Додека земјоделците го фрлаат својот род затоа што нема каде да го продадат и не знаат како да го преживеат месецот, СДСМ ја полни администрацијата со партиски функционери кои земаат големи плати од парите на граѓаните.

Агенцијата која треба да се занимава со безбедноста на храната која се внесува и произведува во Република Македонија, Зоран Заев и Љупчо Николовски ја претвораат во партиско дувло. Во АХВ наместо професионалци се вработуваат претседатели на партиски ограноци на СДСМ и истакнати нивни членови.

Почитувани,

Изминатиов период во неколку наврати обелоденивме дека Зоран Атанасов и луѓето околу него во АХВ со несериозниот и нестручниот пристап го загрозуваат здравјето и животот како на добиточниот фонд во земјава, така и на луѓето.

Скандалот со антраксот, несоодветното менаџирање на проблемот со африканската свинска чума, како и пропустите во редовните проверки и испитувања се само и само заради партизацијата и политизацијата која што се случува на големо во АХВ.

Агенцијата е искористена како институција за вработување на Александар Гиноски, поранешен претседател на ОО СДСМ Ѓорче Петров, партискиот активист Александар Јованчев, кој е во често друштво на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Во Агенцијата, СДСМ го вработи и братот на градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски, како и Никола Савовски, кандидат за советник во општина Центар од редовите на СДСМ. Атанас Бојчев е еден од поранешните директори на Државниот студентски дом „Скопје“, кој е префрлен да работи и раководи во АХВ.

Ова се само дел од партиските вработувања кои формираат мрежа на СДСМ во АХВ, институција која треба да биде симбол за врвен професионализам.

Ова сето се случува додека Димковски по диктат на Заев и Николовски шиканира професионалци и неистомисленици, преместувајќи ги да работат надвор од своето место на живеење, а во меѓувреме во институциите прима партиски активисти.

Ваквиот однос со клучни институции мора да стане минато. Да ставиме крај на несоодветниот третман на проблемите кои ги тангираат граѓаните на Република Македонија. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...