Селективната правда е неправда, ова е обид да се покријат трагите кои што водат до Зоран Заев

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов и Мухамет Хоџа

Селективната правда е неправда, а во Македонија гледаме дека главата на октоподот е недопирлива и се што прави системот е обид да се покријат трагите кои што водат до Зоран Заев.

Законот очигледно не важи ниту за Зоки Поки, ниту за Кики, Фрики и Шеки, ниту за Костадинов и останатите инволвирани во милионските проневери и злоупотреби на Катица Јанева и невладината организација на Боки 13.

Пролонгираното апсење на Јанева е само излезен план за избегнување одговорност на Зоран  Заев.

Заев е премиер на Република Македонија, под чија директна ингеренција се наоѓаат сите безбедносно – финансиски истражувачки служби, тие морале да знаат за милионскиот рекет врз десетици бизнисмени кој траел со години.

Доколку без Јанева не можело да дојде до милионското рекетирање во случајот Империја, без знаење на Заев  тоа не можело да се одвива со години.

Институциите на системот ја толерирале Јанева и нејзините извршители Боки Тредичи и Зоки Кичеец. Тоа индицира само на едно, рекетот бил вршен во корист на Заев.

Потребно е итно проширување на истрагата. Без проширување на истрагата кон Заев, оваа операција на ЈО   е само обично дефокусирање на јавноста.

Владеење на правото ќе има само кога Заев и неговите соработници ќе одговараат за криминалот.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...