ВМРО-ДПМНЕ свесни за слабиот капацитет на власта предлага мерки за заштита од африканска чума

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Кочо Анѓушев

Анѓушев и Димковски во стилот на СДСМ, не нудат решенија, туку го пролонгираат проблемот. Половичните решенија кои ги нуди власта се опасност од разгорување на проблемот и огромни штети за Република Македонија.

Вирусот на африканска чума е многу отпорен и високо патоген. Пристапот при неговото третирање треба да биде сериозен и систематски.

ВМРО-ДПМНЕ свесни за слабиот капацитет на власта, а во насока на доброто на Република Македонија, ги предлага следните мерки:

  • Отстрел на диви свињи согласно годишните планови за отстрел на дива свиња за секое ловиште, а секоја отстрелана дива свиња над планираното, да биде покриена од страна на државата по претходно утврдена пазарна вредност.
  • Строга контрола на граничните премини при внес на животински продукти во багажникот на патниците, но и засилена контрола на целата гранична линија на Република Македонија со Република Србија и Република Бугарија.
  • Постојан мониторинг за присуство на вирусот во легалниот промет на репроматеријали, како и земање мостри од добиточната храна во промет.
  • Формирање на санитарни прстени околу поголемите свињарски фарми во земјата.
  • Времен прекин на промет со свињи на сточните пазари.

Ова се само дел од мерките кои треба да бидат преземени. Да превенираме, за подоцна како држава да не се соочиме со штети од несогледливи последици.

Доколку власта е нестручна тука сме да помогнеме.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...