Стоилковски до Костадинов: Дојди пред камери и кажи им на граѓаните дали во телефонот на Боки 13 има твои фотографии и тонски записи?

Интегрален текст од изјава за медиуми на Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Можеби онаа реченица на Крими Заев, „изгубен во времето, ќе талкам по семето“, најдобро ја опишува состојбата во која што се наоѓа Костадин Костадинов.

Човекот здушно го брани криминалот на Зоран Заев, како да се работи за сопствен интерес.

Очигледно е дека зад паниката на Костадинов се крие и личен интерес и спречување на јавноста да дознае за неговиот неморален карактер.

Костадине, наместо да се мачиш и да седиш по цел ден на тастатура, дојди овде пред камерите, да се соочиме со аргументи.

Па да им одговориш на граѓаните. Дали си толку гласен, затоа што твои фотографии и тонски записи се најдени во телефонот на твоето другарче Боки Тредичи?

Дојди Костадине тука пред камери кажи им на граѓаните, дали и во кои два големи градови во една наша соседна држава си се забавувал до раните утрински часови со другарчето Боки Тредичи? Чии пари си трошел таму, доколку си бил!?

Колку пари Костадине наместо за плочки во зградата на Интерни клиники завршија за луксузните забави со Боки Тредичи?

Дали неморалните и развратни забави се животот кој што го ветувавте Костадине Костадинов!?

Дојди Костадине, не се плаши, победи го стравот и кажи им на граѓаните што има во телефонот на Боки Тредичи што ти предизвикува толкав страв?

Доколку Заев се плаши од тоа да не се дознае дали чантата со милиони завршила на Илинденска бр. 2, дали ти се плашиш да не го дознаат граѓаните твојот неморален карактер?

Излези Костадине не се плаши. Тука пред новинарите ќе им кажеш на граѓаните, не мачи ги и и нив но и себе да доаѓаат по два пати.

И  секако за крај Костадине, го делиш ли ставот на Зоран Заев за Боки Тредичи?

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...