Заев е главата на криминалниот октопод кој пустоши низ Македонија

Соопштение до јавноста

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод кој пустоши низ Македонија.

Институциите се целосно притиснати и ставени во служба на криминалот на Заев и неговите соработници.

Најдобар доказ за тоа е постапувањето на Јавното обвинителство овие четири месеци откако Вилма Русковска ги има сите докази за рекетот на проектот на Заев и негов штитеник Боки Тредичи и разно разните Кики, Фрики и Шеки.

Зоран Заев, притиснат до ѕид од сите докази, преку неговиот мегафон Костадинов упорно се обидува да си ја ишне мувата од капата, со бесрамни лаги дека ВМРО го измислило Боки 13 и функционери на ВМРО го примале по кабинети, се фотографирале со него и му биле грб во рекетарските походи. Уште потрагично е тоа што Јавното обвинителство влезе во неговиот филм и четири месеци се обидува да ги игнорира сите траги кои водат кон Заев. Четири месеци Русковска обвинителството ги убедува граѓаните дека Боки на своја рака и без поддршка од власта рекетирал.

Срамно и долно. Со вакво деградирање и девалвирање на институциите на системот, целосно се урива довербата на граѓаните во нив, а членството во ЕУ е недостижно.

 

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...