Стојаноски: Царовска и Наумоски молчат за ветената градинка во Волково

Интегрален текст од изјава за медиуми на Бојан Стојаноски

Почитувани

Неработењето и негрижата се основна карактеристика на владеењето на СДСМ, како на локално така и на централно ниво.

Родителите мака мачат да си ги запишат во градинка своите деца, а градоначалникот на општина Ѓорче Петров и ресорната министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска ич не им е гајле.

Пред  неполни две години сегашниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Александар  Наумоски во својата предизборна програма ветуваше изградба на нова детска во Волково, токму тука на ова место, проширување на капацитетите на постојната градинка во Димитар Поп Георгиев- Беровски и реконструкција на детската градинка во Дексион.

Но и по две години од преземање на неговата функција граѓаните од ова населено место не добија ништо од ветеното.

Единствено нешто што направи оваа ненародна власт e што при ребаланс на буџетот   континуирано ги крати средствата за изградба на градинки.

Наумоски ја задолжи општината за 14.5 милиони денари, а нема во план да ја изгради градинката во Волково која им ја вети на граѓаните.

СДСМ и Наумоски не само што не прават ништо на планот згрижување на деца во градинка, туку  се неспособни и проектите кои ги остави ВМРО-ДПМНЕ со обезбедени финансии  како завршување на фекалната канализација и асфалтирање на над 35 улици да ги завршат.

На Република Македонија и се потребни промени. Промени кои ќе придонесат за доброто на граѓаните. Затоа за сите овие ненародни политики кои граѓаните ги чувствуваат, Наумоски и Царовска треба да си поднесат одговорност.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...