СДСМ ги доведе земјоделците до питачки стап

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Татјана Прентовиќ

СДСМ во недостиг на идеи и корисни мерки шират лажни вести.

Земјоделците две ипол години го фрлаат родот на буниште, сечат неколкугодишни овошни насади, а  од СДСМ велат дека  земјоделието бележи позитивни резултати.

Цените со кои СДСМ се фали се реалност само во нивните бледи изјави и прес конференции, реалноста помеѓу земјоделците е сосема поинаква.

Нема откуп, а каде што го има цените се катастрофално ниски. И што е најстрашно не ги задоволуваат ниту основните трошоци за производство.

СДСМ ги доведе земјоделците до питачки стап,  немаат ни за леб. Субвенциите не се исплатени во целост. Проблемот со наводнување е факт низ цела Македонија. Земјоделието е буквално нефункционално.

Неспособноста на СДСМ се виде за овие три години. Потребно е под итно да се распишат предвремени парламентарни избори и да се стави крај на уништувањето на земјоделието. Време е да се започне обнова на Република Македонија.

 

 

            Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...