Честитка по повод Денот на Армијата од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Почитувани припадници на Армијата на Република Македонија, почитувани граѓани, дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да Ви го честитам денот на Армијата на Република Македонија.

Денес се одбележува и формирањето на првата регуларна воена единица на НОВ, батаљонот „Мирче Ацев“, формиран во далечната 1943 година на 18 август, во месноста Славеј на планината Караорман, во Дебарца, од партизанските одреди „Даме Груев“, „Ѓорче Петров“ и „Димитар Влахов“.

Нивната борба беше за слобода на Македонија, а АРМ како наследник на таа пркосна и слободарска идеја е и мора да остане нејзин најверен чувар.

Преку учеството во антифашистичката борба, кога македонскиот народ заедно со сојузниците се избори за слобода и победа на фашизмот, преку учеството во мировните мисии предводени од сојузниците во НАТО, македонската армија покажа и докажа дека има капацитет да се сноси со сите предизвици. Бевте и ќе бидете секогаш на вистинската страна на историјата.

Имајќи ги во предвид жртвите кои ги давате во вашето служење за татковината, и како човек кој поминал низ нејзините структури ја заслужувате нашата највисока почит, но и третман од државата.

А, условите во кои дејствувате се несразмерни со трудот и интензивниот ангажман кој го давате. Затоа мора да се работи на подобри услови и подобар стандард.

Доаѓа ново време, време за обнова на Македонија, кога секој ќе биде вреднуван.

Дозволете ми уште еднаш да го честитам денот на АРМ. Нека е за многу години.

 

Со почит,

Христијан Мицкоски,

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...