Криминал, рекет, корупција, нерасветлени убиства се синомим на Заев и СДСМ

Ни правда, ни мир, само криминал, рекет, корупција, нерасветлени убиства, смена на име, идентитет, колективна шизофренија каде главен проблем е шеснаесеткракото сонце, а не криминалот вгнезден највисоко во власта … тоа се Зоран Заев и СДСМ на дело!

Разнебитување и девастирање во секоја пора од Македонското општество.

Нема правда зошто првиот човек им е криминоген. Просто е, не дојдоа на власт за да одиме напред, туку за да крадат, а товарот поради нивната неспособност се прекршува на грбот на народот.

Само забораваат дека Македонецот е пиреј, опстојувал и ќе опстојува без разлика на приликите. Во целата историја многумина, и помоќни и поголеми, се обиделе да не уништат, но не успеале, нема да успеат ни овие.

Оваа власт, овој криминален октопод е дивото месо во организмот на секој чесен граѓанин, кое ќе биде отфрлено, затоа што е браната која го сопира напредокот.

Република Македонија ќе успее, граѓаните ќе успеат, заеднички ќе изградиме, ќе ја обновиме нашата татковина.

Доаѓа времето кога ќе бидеме горди Македонци кои ќе живеат достоинствен живот.

#Оставка

#ПредвремениПарламентарниИзбори

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.