Со Република Македонија владее криминален и тоталитарен режим кој го гони секој што не се согласува со деспотот Зоран Заев

Соопштение до јавноста

Со Република Македонија владее криминален и тоталитарен режим кој го гони секој што не се согласува со деспотот Зоран Заев.

Правосудниот систем е заробен од аболицираниот Заев и неговата крими група и единствено служи за пресметка со неговите политички неистомисленици.

Дека Македонија е земја во која се спроведува политички прогон потврди и Шведска која одби да екстрадира еден од обвинетите за  27-ми април со образложение дека случајот е политички монтиран  и не се води по фер, законски основана постапка.

Уште една потврда дека Заев го контролира судството стигна и од висок функционер на владејачкото мнозинство. Блерим Беџети, градоначалникот на Сарај, изјави дека лично Зоран Заев вршел притисоци и влијание за смена на судии.

Во ситуација кога Европа од нас бара независно судство на виделина излегува дека Заев се меша во правосудниот систем и под своја контрола ги држи судиите и обвинителите во Република Македонија.

Токму затоа и истрагата за случајот „Рекет“ не е проширена и се одолговлекува за да се добие на  време и да се уништат докази што го поврзуваат Заев.

Не постои граѓанин на Република Македонија кој верува дека Заев не е главата на овој криминален октопод кој рекетирал  бизнисмени низ државата. Целата јавност ги слушна снимките од италијанскиот медиум Ла верита и се увери како се уништува правдата во Македонија. Сите слушнаа како Катица Јанева својата позиција ја користи за изнуда на милионски суми, заедно со Боки Тредичи протежиран од Зоран Заев.

Цела Европа ја коментира криминалната реалност, која се случува во Република Македонија  која  е во конструкција на криминалецот Зоран Заев. Сериозно загрозена е европската перспектива на државата само заради криминалитетот и коруптивниот карактер на Заев и картелот околу него.

Одговорност за сето ова мора да има. На Македонија потребна и е обнова. Затоа неопходно е Зоран Заев и СДСМ веднаш да си заминат за да се вратат правдата и владеењето на правото во Република Македонија.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...