Интервју со Јанушев: Единственото решение е организирање на итни и неодложни предвремени парламентарни избори

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во интервју за КУРИР одговара на актуелните прашања поврзани со актуелната афера за предметот “Рекет”, како и политичката ситуација во државата.

Вели дека очекува сите актери во аферата да бидат откриени и санкционирани. Јанушев се осврнува и на следните чекори на партијата во претстојниот период.

Како решение вели дека се итни и неодложни предвремени парламентарни избори.

-Заев во целата негова политичка кариера е склон на кажување на бисери. Тој не чувствува одговорност за тоа што се случува последниве три години. Единственото решение е организирање на предвремени парламентарни избори. Што е можно поскоро. Итни и неодложни. Потребна ни е држава во која ќе владее правото, а со оваа власт предводена од Зоран Заев и СДСМ тоа не е можно. Во однос на нашите следни чекори буквално ништо не е исклучено, вклучително и излегувањето на улица, можеби напуштање на парламентот, блокирање на институциите и се она што е демократски начин на изразување на волјата на граѓаните, потенцира Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во интервјуто дадено за „Курир“.

Целото интервју со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Јанушев може да го погледнете во видеото во продолжение.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...