Заев вчера изрази целосна нетрпеливост и покажа дека се што до сега кажувал било само маска со цел доаѓање на власт

Соопштение до јавноста, реакција на интервјуто на Зоран Заев

Смешно и безобразно е кога Зоран Заев, неколкукратно аболициран политичар и човек кој инфлагранти е фатен во извршување кривично дело, зборува за одговорност.

Попусти се сите обиди на правдање пред новинарите. Зоран Заев вчера ги навреди сите новинари во земјата. Заев вчера дефакто кажа дека сака новинари кои ќе молчат пред криминалот на власта, а не професионалци кои ќе ја информираат јавноста.

Зоран Заев вчера изрази целосна нетрпеливост и покажа дека се што до сега кажувал било само маска со цел доаѓање на власт.

Заев е синоним за криминал. Под негова палка во државата е извршен милионски рекет, во период од неколку години. И за тоа никој ништо не преземал.

Процесот за случајот Рекет месец дена тапка во место. ЈО  не ја проширува истрагата кон нарачателите и организаторите. Боки 13 и Зоки Кичеец се само жртвено јагне за спас на Катица Јанева и  Зоран Заев.

Одговорност мора да има, но тоа не е можно со Зоран Заев на власт. Заев мора да си даде оставка и да се организираат итни предвремени парламентарни избори. Потребни се истраги и одговорност за криминалот извршен во изминатиот период.

 

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...