Атанасов и раководните структури во АХВ не го познаваат Законот за ветеринарно здравје по кој треба да работат како институција

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на АХВ кое се однесуваше на изјавата на Цветан Трипуновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Очигледно нестручноста на Зоран Атанасов и раководните структури во АХВ е толку голема што не го познаваат ниту Законот за ветеринарно здравје, по кој треба да работат како институција.

Според чл.52 ст.6 од Законот за ветеринарно здравство, Агенцијата ( АХВ ) соодветно ја информира јавноста и обезбедува соработка во спроведувањето на контролите и заштитните мерки против болеста на локаално и национално ниво.

Во прилог на оваа реакција ви го праќаме и делот од Законот. Заради кредибилитетот на институцијата, Ве молиме следен пат пред за нешто да реагирате првин да ги прочитате законите од делокругот на работа на институцијата со која моментално управувате.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...