Мехмедовиќ на ден пред заминување од местото директор на Здравствен Дом Скопје вработил 20 луѓе

Интегрален текст од изјава за медиуми на Синиша Стојаноски, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Додека државата ја тресе најголемиот коруптивен скандал во моментов, „Рекет“, поставуваме прашање до министерството за здравство дали паралелно сомнителниот тендер од половина милијарда за клиничкиот центар се вработуваат и по партиски клуч се делат специјализации на партиски послушници.

Имено дали претходниот директор на здравствениот дом на само ден пред заминување од местото директор со неговиот своерачен потпис вработил 20 луѓе. Дали истите се вработени по партиски клуч и од партиски списоци, и дали воедно истиот ден се поделени решенија за специјализации од кои денес на јавноста ќе презентираме две.

Дали на истиот тој список на нововработени се наоѓа и ќерката на главната сестра за превентива Здравствен Дом Скопје – работна единица Карпош, инаку истакнат партиски активист на СДСМ во Карпош? Дали гореспоменатата без ниеден ден на работен стаж како доктор добива специјализација по дерматовенерологија?

Истовремено, дали членот на комисијата за доделување специјализации при Здравствениот Дом, во исто време и советник за превентива во Здравствениот дом, самата на себе си доделила специјализација по неврологија.

Дали сето ова вистина и дали за ова некој ќе поднесе одговорност?

Дали и како е воопшто можно советник на директорот на Здравствениот дом сам на себе да си додели специјализација?

Ги повикуваме надлежните институции сите овие сомнителни постапки да ги подложат на ревизија и секаде каде што постојат неправилности да бидат поведени соодветни постапки.

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...