Јанушев: Еден месец ЈО молчи и наместо да ги гони нарачателите во случајот Рекет тие одмараат

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Пријателот на Зоран Заев, Боки Тредичи знае кој судија, кога е дежурен, кој нема да се појави и кој ќе дојде на негово место и што е најважно знае какви одлуки ќе бидат донесени од страна на судовите.

Ниту Боки, ниту Кичеец можеле да знаат како ќе се одвиваат постапките пред суд, што ќе преземе судот, а што обвинителството, кога и кој ќе биде ослободен, а кој ќе заврши во затвор, ако за тоа директно не добиле информација од врвот на власта, кој ги координирал и менаџирал активностите со правосудните органи.

Дали на вакво менаџирање мисли Боки кога вели дека Заев знаел се и дека се заедно во играта?

Боки е само извршителот на еден поголем  и покомплексен  систем, кој е управуван директно од врвот на власта, во кој има директна спрега помеѓу врвот на извршната власт, судовите и обвинителството.

Македонија нема ама апсолутно никаква полза од лицемерието на Заев и лажните повици за правда, во реалноста и тој и неговата Катица Јанева ги чистат трагите. Не случајно во овие месец дена и Заев менуваше телефони и протоколи, вадејќи се на скандалот со украинските комедијанти, а Катица губеше и форматираше и телефони и компјутери.

Еден месец ЈО молчи и наместо да ги гони нарачателите во случајот Рекет одмараат. Катица Јанева, без која слушанавме од разговорите објавени во Ла Верита и не би бил можен милионскиот рекет, наместо во притвор се шета по плажи.

Русковска со недејствувањето и непритворањето на Јанева овозможи со своето неделување можност Јанева да уништува докази и да влијае на сведоци.

Русковска мора да сноси одговорност за пропустите и просторот што и го отвори на Јанева, но и за другите замешани да влијаат на сведоци и уништуваат докази.

Јанева  и СЈО се алатката преку која е вршен рекетот, кој без директна поддршка од власта не би бил можен. Боки 13 и Зоки Кичеец се само обични извршители. Затоа истрагата мора да се прошири до врвот на власта. Не се доволни оградувањата од Јанева и најавите преку медиуми дека ќе биде пуштена низ вода. Одговорност мора да има за сите. Целата спрега помеѓу власта, судот и обвинителството мора да биде разоткриена.

Русковска и ЈО не смеат да си поигруваат со правдата.

Ниту власта, ниту правосудните органи немаат веќе кредибилитет пред граѓаните. Зоран Заев мора да понесе одговорност. Оставка веднаш и организирање на итни предвремени парламентарни избори.

 

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...