И со декларација и без декларација, СДСМ и Заев ќе одговараат за сиот криминал

Соопштение до јавноста, реакција на донесената одлука на Влада на Република Македонија за формирање на оперативен тим за борба против криминалот

Македонија гори, Влада се чешла!

Да не го живеевме овој „блескав живот“, живот исполнет со рекети, нарачани пресуди и криминал, одлуките на Зоран Заев ќе беа за смеење. Вака, одлуките се трагични и покажуваат колку тој и картелот околу него се загубени во времето и просторот.

ВМРО-ДПМНЕ го замолува Зоран Заев да престане да ја потценува и понижува јавноста.

Вие сте олицетворение на криминалот и вие ја ставивте цела држава и сите институции на располагање на мафијата.

Подобро вратете се на плажа, отколку вака бесрамно, со лицемерни одлуки да ги лажете граѓаните. Само оставка е спасот!

Власта која го создаде криминалниот октопод, спроведе милионски рекет монтираше судски случаи и што ли уште не, сега формира оперативен тим за бескомпромисна борба со корупцијата.

Слушнавме дека Заев барал ургенции за разрешување на Претседател на суд, а сега треба да веруваме дека човекот кој има толкаво искуство во криминалот, не знае дека работата на МВР, УБК, БЈБ, УЈП, Финансиска полиција, УФР, Царинската управа и другите институции од областа на безбедноста и финансиската контрола имаат законска обврска да се борат против криминалот и корупцијата.

Тоа што институциите под контрола на Заев не си ја работат работата е вина на Заев кој лично е на чело на криминалниот октопод.

Уште портирот во СДСМ не излезе со декларација во која што ќе го осуди криминалот и ќе бара брза и ефикасна истрага. Што е многу, многу е, дури и од Заев.

И со декларација и без декларација ќе одговарате за сиот криминал. Време е за обнова на Македонија.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...