Одговори на новинарски прашања на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

 

Новинарско прашање:Како ги коментирате информациите кои се појавија во јавноста дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски наводно одмарал на јахтата на Камчев?

Одговор на новинарско прашање:Освен тоа што е лага и груба шпекулација само потврдува во која очајно лоша ситуација се наоѓа СДСМ и преку вакви креирани приказни за мали деца се обидува да ја нaсочи целокупната јавност од овој мега скандал на друга воденица. Значи апсолутно е невистина информацијата којашто излегла, за којшто ќе следи и лична приватна тужба, па тој што ја објавил лажната информација ќе може да се докажува во суд.

Новинарско прашање:Како го коментирате говорот на претседателот Пендаровски кој исто така повика на завршување на истрагите, на подигнувања обвиненија дури и на политичка одговорност?

Одговор на новинарско прашање: Да и направи уште една работа, тоа е да таканаречено ја пушти Катица Јанева низ вода бидејќи очигледно и за нив станува јасно дека Катица Јанева е директно вмешана и како што пред малку кажав без нејзе не би било воопшто  можно да се организира и спроведува случајот “Рекет“.И веројатно од она што имав прилика да го слушнам е дека ќе се обидат да ја претстават Катица Јанева како, односно да ја пуштат низ вода и да биде жртвено јагне. Така да во ниту еден друг контекст нема да можам да го разберам тоа бидејќи видовме дека и слушнавме од медиумите и прочитавме исто така за голема вмешаност и потребна е целокупна истрага буквално за се што е вработено во СЈО.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...