Јанева и СЈО земаа огромни плати, а ја злоупотребија довербата и овластувањата влегувајќи во чист криминал заедно со главата на октоподот Заев

Соопштение до јавноста

Работата на Катица Јанева  и  СЈО не е само обична шминка и покажување на некаква активност, како што си се објаснуваат по телефон. Нивната работа е многу сериозна бидејќи земаа по 4 милиони евра годишно пари на граѓаните,а гледаме дека ги користеле да изнудуваат уште пари и политички да влијаат врз неистомислениците на Зоран Заев.

Катица Јанева и СЈО земаа огромни плати, а ја злоупотребија довербата и овластувањата влегувајќи во чист криминал заедно со главата на октоподот Зоран Заев.

Гледаме дека СЈО имало за цел да креира политички случаи врз основа кои потоа ќе врши изнуда притисок и рекет  во корист на аболицираниот Зоран Заев, но можеби и лична корист затоа што се уште не знаеме каде се завршиле милионите кои Боки Тредичи ги земаше од бизнисмените.

Јавноста се увери дека Катица Јанева учествувала во целата оваа конструкција и заедно со Боки Тредичи им давале  гаранција на обвинетите.

Сега е јасно зошто во СЈО бришеа форензички компјутери и се скриваа телефони за кои прво викаа дека се изгубени, а потоа испадна дека биле криени додека во меѓувреме се бришеле податоци.

Јасна е и улогата на Русковска обвинителството кое прави се за да ги заштити Заев и Јанева и токму затоа среде истрага замина на одмор како би тие имале можност уништуваат докази но да влијаат на сведоци за да не се утврди нивната вина.

Институциите мора да се одважат и целосно да го истражат овој огромен скандал во кој очигледна е вмешаноста на Катица Јанева, Зоран Заев но и многу други функционери од СДСМ.  Случајот не смее да се забошоти и да остане само на двајцата обвинети Боки Тредичи и Зоран Милески Кичеец кои се само пипци на октоподот кој го создаде Заев.

Овој скандал е само уште еден доказ дека Заев и СДСМ ја уништија правната држава,  го нарушија угледот на Република Македонија надвор и сериозно ги загрозија македонските евроинтеграции. Се ближи денот кога СДСМ ќе си замине и ќе профункционира правната држава, а тогаш сите инволвирани од картелот и октоподот заедно со главата Зоран Заев ќе одговараат за сите криминали кои ги прават изминативе три години.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...