Целата македонска, но и европска јавност гледа и слуша како Боки 13 уценувал бизнисмени во име на Заев, а во соработка со Катица Јанева

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на прес  конференцијата на Наум Стоилковски

Криминалната банда на чело со Зоран Заев со своето криминално и расипничко делување ги загрози македонските евроинтеграции.

Целата македонска, но и европска јавност гледа и слуша како Боки 13 уценувал бизнисмени во име на Зоран Заев, а во соработка со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Од снимките јасно се гледа и улогата на Катица Јанева, но и како Боки Тредичи кажува дека зборено е со Заев и тој нема да прави проблеми.

Уште еднаш на дело се виде дека Зоран Заев го злоупотребува државниот апарат за да земе милиони евра преку рекетирање на  бизнисмени и политички неистомисленици.

Дека институциите се заробени од октоподот на Заев говори и фактот дека обвинителството наместо да гонат и да го истражат случајот тие се решија среде истрага да се одморат и на тој начин да дозволат да се форматираат телефони, да се бришат форензички компјутери, да се влијае врз докази и сведоци и потенцијални осомничени кои што можат да уживаат на плажи.

Воедно се уште не е утврдено каде се движеле осомничените откако ја зеле торбата Луј Витон и каде завршила таа заедно со парите во неа.

Тоа јасно ни говори дека Русковска обвинителството прави се за од оваа истрага да ги заштити Катица Јанева и Зоран Заев, но и останатите функционери од власта, иако целата јавност виде дека осомничените Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец се само пипците на криминалниот октопод кој го инсталираше Заев.

Аболицираниот  Заев заедно картелот околу него и партизираните судство и обвинителство  ја уништија правната држава, ги загрозија интеграциите и угледот на Македонија во Европа. Заев е жив фатен во криминал и затоа одговорност за сите вклучени во овој огромен скандал мора да има и ќе има.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...