Во Струмица гледаме многу нереализирани ветувања, но затоа воспоставен е систем на криминал и корупција од страна на Зоран Заев

Интегрален текст од изјава за медиуми на Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Денес сме во посета на Струмица и струмичко тука сме во Банско да се сретнеме со луѓето да поразговараме  малце за актуелната ситуација и актуелните проблеми.

За жал гледаме многу нереализирани ветувања од страна на Владата, Банско е еден пример уште во 2009 година беше ветено дека тука ќе се изгради модерен и голем спа центар од кој што ќе може преку туризмот да приходува локалното население, 10 години подоцна тој проект  не е реализиран што само зборува дека се даваат многу лажни ветувања а има  малце реализација. Тоа беше ветување на Зоран Заев кога беше кандидат за градоначалник во 2009 година со тоа ветување меѓу другото ја освои довербата на граѓаните но не го реализира на ист начин како што не ја реализира ни индустриската промена во Струмица каде што ветуваше 3 слободни економски зони со 300 економски субјекти каде што би работеле околу 3.000 луѓе.

Гледаме дека економската зона ТИРЗ Струмица има само една фабрика тоа е „Џонсон Контролс“ која што дојде тука уште во време на претходната Влада на ВМРО ДПМНЕ останатите зони се празни  зјаат празни и практично нема ни една инвестиција.

Ако  во минатото се даваа образложенија за несоработката помеѓу локалната самоуправа и тогашната влада сега нема никакво образложение затоа што токму Зоран Заев е премиер на Република Македонија.

Исто така имаме големи нереализирани ветувања  во целиот регион на пример скоро и да не се работи на магистралниот пат од Штип до Струмица, кој што треба да биде експресен пат со 4 ленти кој што исто така беше започнат во време на претходната влада, проекти кои што се започнати во тоа време а се скоро запрени се исто така доградбата крило на општата болница, понатака патот кон Ново Село и стариот театар и ова што го гледаме  во Струмица е еден патерн кој што се случува низ цела држава. Имено, она што беше започнато е запрено, нови проекти нема , ветувања огромни, реализација нула што само говори на кој начин се добивале избори и на кој начин за жал сега се владее.

Втора работа која што сакам да ја кажам во однос на Струмица и на актуелните случувања во државата е дека тука пред некаде два-тринесет години беше прв пат воспоставен овој систем на криминал и корупција каде што одредени структури преку своите бизнис и политички релации успеваа и себе да се корумпираат и да ги корумпираат останатите како начин на владеење преку  една директна контрола на разни институции како што се судството, обвинителството, полицијата и т.н.

Гледаме дека тој модел кој што тогаш се случи овде во Струмица после тоа беше пренесен на ниво на држава но таквиот не дава резултати од многу едноставна  причина затоа што веќе излегуваат лагите на виделина гледате дека овие денови имаме еден огромен скандал каде што она што долго време се зборуваше во јавноста е потврдено а тоа е дека највисоки челници на власта со денес објавените снимки и лично премиерот Зоран Заев биле дел од еден голем криминален октопод каде што бизнисмени се рекетирани во огромни суми на пари незамисливи за обичен човек со цел да издејствуваат нешто што покажува како владее оваа власт и затоа ден поскоро треба да си замине. Гледаме дека сме имале една корумпирана спрега на СЈО на премиерот и на луѓето блиски околу него и затоа очекуваме да се случат предвремени избори ден поскоро и Зоран Заев да замине ден поскоро.

 

Прашање:     Денеска спомнавте објавени се нови бомби или аудио разговори за инволвирани за случајот „Рекет“ , има ли коментар ВМРО ДПМНЕ и кои ќе бидат следните чекори на ВМРО ДПМНЕ ?

Одговор:      Имавме ние сабајлево реакција но еве тука сум и сакам да ја споделам.  Она што го гледаме целиот изминат  период  е дека имаме обид на Зоран Заев и на власта да ја дефокусира јавноста од ова и да се зборува за се освен за ова. До вчера оние кои што го подржуваа зборуваа дека нема негова инволвираност и дека ете некој некого злоупотребил. После ова што го гледаме денес јасна е прво спрегата  помеѓу Бојан Јовановски и Катица Јанева каде што директно слушаме разговори помеѓу нив значи не  се раскажува туку ги слушаме разговорите. Понатака, јасно е дека имало следни активности кои што кореспондираат со она што го слушаме и јасно е дека е испратено мито коишто сите го видовме пред два дена. Она што утрово го дознавме е дека тоа што ВМРО ДПМНЕ го зборуваше целиот изминат период е вистина а тоа е дека за се бил информиран Зоран Заев и како што напишав и јас во една колумна некаде кога изби скандалот тој бил „капо ди тути капи“ на целата оваа операција односно бил детално информиран за сите активности каде што има вмешани односно ракетирани многу повеќе бизнисмени од овој еден кој што го гледаме во моментот , сумите се вртоглави и надминуваат некаде 20-тина милиони евра. Има две работи што мора да се случат. Првата е темелна и целовита истрага за која што да бидеме искрени мислиме дека овој обвинител и ова обвинителство немаат капацитет затоа што е очигледно дека се обидуваат да помогнат , среде истрага заминаа на одмор , дозволуваат да се форматираат  телефони и компјутери  како би се уништиле докази и како не би имало трага . Значи мора да имаме една темелна и независна истрага од страна на непристрасен обвинител кој што ќе ги повика на одговорност сите кои што се спомнати во овие разговори од Зоран Заев надолу цела мрежа на СДСМ и оние коишто му помагале затоа што тој е на врвот на пирамидата на врвот на криминалниот октопод. И втората работа е политичка одговорност очекуваме оставка од страна на владата и организирање на брзи предвремени избори затоа што единствениот начин да се решат овие ситуации се преку избори затоа што се додека тие кои што се инволвирани во криминал и корупција ги имаат највисоките позиции во државата природно е да остваруваат влијание врз судството и врз обвинителството затоа што тоа е нивниот начин на размислување и како што гледаме нивниот начин на делување.

Прашање: Ако сметате дека Јавното обвинителство за организиран криминал нема капацитет и е во спрега со овој случај Рекет, ВМРО-ДПМНЕ што предлага за разоткривање на целиот овој случај?

Одговор: Ние сметаме дека во Јавното обвинителство постојат доволно квалитетни и чесни и секако стручни обвинители кои можат да го направат ова. Постојниот обвинител кој што го води овој случај очигледно нема волја да го направи тоа, за капацитети веројатно не е спорно дека постојат штом е на таа позиција, но нема волја да го направи тоа, односно нема волја да направи една темелна детална истрага затоа што еве го поминува месец  дена, во тие месец  дена видовме дека две недели е на одмор, не ги повикува сите инволвирани на чело со Катица Јанева и Зоран Заев, им дозволува да ги форматираат телефоните кои што нели прво беа загубени па ги најдоа, па беа форматирани, им дозволува да бришат докази од јавното обвинителство и им дозволува да ја напуштат државата затоа што во моментов се надвор од државата и едниот и другиот, може да се дадат во бегство, со што целосно ја уништува истрагата. Но истрагата не може да се уништи затоа што има бројни докази, го повикувам јавниот обвинител на Република Македонија да именува Јавен обвинител кој што ќе може непристрасно да ја води целата оваа работа. Доколку тоа не го направи и тој ќе носи одговорност и после промената која што многу брзо ќе се случи во Република Македонија секако дека ќе има една непристрасна и темелна истрага која што ќе ги открие сите оние кои што се инволвирани, а гледаме дека октоподот завршува лично кај Зоран Заев.

Прашање: Господине Николоски Катица Јанева и Лиле Стефанова дадоа спротивставени изјави во врска со нивната инволвираност во аферата Рекет, кој е вашиот коментар со ваквиот развој на случувањата и најавите од Јавното обвинителство дека двете ќе бидат сослушани?

Одговор: Знаете малку да се пошегувам досега сме гледале крими филмови, сега ги гледаме во живо, обично тоа така оди, оние кои што се во пар кои што се во дуо, во дует, кој што работат заедно после тоа почнуваат да зборуваат различни работи и да зборуваат еден против друг. Можеби тоа е и убавината во тоа што го гледаме деновиве и во она што го објавува италијанскиот весник Ла Верита, па многу луѓе решаваат да проговорат. Јас сум убеден дека во една непристрасна истрага ќе се дојде до вистината таа не ја гледам е во моментов и за жал до сега нема никакви активност и на Јавното обвинителство и по однос на едната и по однос на другата обвинителка што само говори дека се прави обид да бидат заштити главните актери во оваа афера, затоа што да не се лажеме, нема човек во Македонија, нема бизнисмен во Македонија кој што ќе даде толкава сума рекет на Бојан Јовановски мора да е многу поголем а играта и поголем притисокот за тоа да се случи. На врвот на таа пирамида како што кажав стојат обвинители, стои врвот на власта како што слушнавме денес на чело со Зоран Заев.

Прашање: Гореа управните простории на МВР во Куманово, просториите на СЈО беа поплавени, гореа канцелариите во Министерството за правда, а веќе деновиве и дел од струмичкиот суд, колку според вас се работи за обични случајности?

Одговор: Премногу коинциденции за да биде коинциденција, сакам да верувам дека се работи за случајности, да ве потсетам дека беа поплавени и просториите на Специјалното јавно обвинителство, очекуваме органите да го дадат својот одговор, да горат институции во кои што има клучни докази за криминал мислам дека не се  работи за ништо друго освен за заштита на тој криминал. Видете последните години инсталирана е мафија во државата, ова се класични мафијашки методи, и ги гледаме на дневна основа, лекот е кажав оставка на оваа влада брзи предвремени избори и промена на власта.

Прашање: Излегоа информации дека торбата Луј Витон завршила во Владата, дали имате некои сознанија каде завршиле тие пари,затоа што е премногу чудно да би била фрлена торбата и да би била фрлена торбата и да би бил изваден чипот ?

Одговор: Јас не би навлегувал во истрагата но можам да дадам два политички коментари, прво од она што го слушнавме утрово е дека Зоран Заев бил информиран за се, очигледно бил информиран и за ова, затоа што кажав нема човек нема бизнисмен во државата кој што би дал толкава сума на пари на Бојан Јовановски. Втората работа еве и еден совет за оние кои што истражуваат ако сакаат да истражуваат, Република Македонија е целосно покриена со мобилна мрежа односно со базни станици, само преку следењето на било чиј телефон преку базни станици, значи не зборуваме за прислушкување, зборуваме само за лоцирање, може точно да се открие кој човек на која локација бил и каде бил. Тоа обвинителството не го прави затоа што јасно е дека овде е намерата е да одговараат ситните риби и да се заташка се останато, затоа што темелна истрага нема, во овие месец  дена може некој ќе дознаеме поле неколку месеци дека некој интервенирал и во телекомите за да се избришат овие податоци, но да се дознаеше тоа првиот ден тогаш ќе имавме релевантен одговор на вашето прашање.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...