СДСМ треба да одговорат за што и колку пати се среќавале Зоран Заев и Боки Тредичи и зошто истрагата за рекетот се води крајно непрофесионално

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Игор Јанушев – Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Жално е да се чита како СДСМ се дави во калта во кои сами западнаа со рекетарско-политичко обвинителскиот октопод. СДСМ наместо при очи да се прават слепи и при уши глуви треба да одговорат за што и колку пати се среќавале Зоран Заев и Боки Тредичи?

Какви се тие разговори за кои никој не знае и какви работи менаџирале и конструирале овие двајца?

Зошто истрагата за случајот рекетарски октопод речиси цел месец се води крајно непрофесионално?

Зошто се дозволи еден телефон да биде форматиран, компјутери во СЈО да бидат форензички бришени?

Зошто се дозволува Катица Јанева да биде на слобода за да влијае врз докази и сведоци, при толку многу индиции?

Зошто истрагата за криминални дејанија не се проширува врз организацијата на Боки Тредичи Меѓународен Сојуз во кој членуваат Костадин Костадинов, Фросина Ременски и редица високи партиски функционери на СДСМ и нивни роднини иако и за ова постојат сериозни индиции за криминал и перење на пари?

Зошто се уште не се притворени ликовите од рекетарските приказни Шеки, Кики, Раки и  Фрики и други високи функционери?

Се се прави во истрагата за овој скандал само за да не дојде до главата на овој криминален план.

Ова доволно говори колку СДСМ се залага за правда. Јавноста виде дека тие тргувале со правдата со цел да заработат милиони евра. На јавноста веќе и се гади од лицемерието на СДСМ. Одговори порано или покасно ќе има, бидејќи вистината излегува на виделина. Потоа ќе следува одговорност затоа што овој криминал на власта предводена од Заев не може да се прикрие со Фејсбук статус или прес на Костадинов или уште помалку со панично срочено соопштение.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...